СДСМ вели улиците ни се претворија во Див Запад


Секоја вечер во нашите градови има нови инциденти, пукања, насилство и криминал. Вчеравечер во Чаир во пукотница е повредено 19 годишно момче со 4 прострелни рани.

Ова сведочи за целосната неспособност на министерот за внатрешни работи, Тошковски, и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Улиците ни се претворија во Див Запад.

Имаше пукање во Чаир, во Арачиново, се случи убиство кај Мавровка, а пред тоа пукања имаше и во Синѓелиќ, Батинци, Тетово, и на Пластичарска улица. За сите овие инциденти сторителите не се пронајдени, а од 10 убиства и обиди за убиства, Тошковски успеа да расчисти едвај еден случај.

Граѓаните стравуваат за својата безбедност, а Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ се целосно неспособни да ги заштитат.

За само 100 дена ова е еклатантен пример за неспособна власт каде криминалците прават што сакаат.

Дали Мицкоски ќе покаже храброст и ќе го повика Тошковски на одговорност, или повторно ќе застане во негова одбрана, се прашуваат од СДСМ. 

Престрелките на разулавените банди низ Скопје е директно масло на односите на СДС со скопското подземје и завојуваните групи чија моќ во време на СДС порасна а бизнисите цветаа, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

вните заеднички седенки кога со нив кога со врвот на ДУИ чии измеќари беа и се уште се.