СДСМ тврди: Во тек е операција за враќање на Груевски
Со големата кампања против поранешното СЈО почна координирана политичка операција за враќање на Никола Груевски и целосно уривање на правниот систем во државата, обвинува СДСМ.
„Наместо во ‘Идризово’, ВМРО му планира враќање во Белата палата. Така изгледаат ‘реформите’ во ВМРО. Нема повеќе потпретседатели, нема внатрешна конкуренција – се расчистува патот за единствениот претседател на ВМРО, Груевски.
Мицкоски е само чувар на фотелјата.
Клучниот чекор во ова сценарио е нападот врз СЈО и пресудите што произлегоа од неговата работа. Преку орбановите медиуми во Македонија, пред сè преку Алфа, веќе се води црна кампања со наратив за ‘политички прогон’ и ‘монтирани случаи’.
Целта е јасна – дискредитација на предметите, релативизирање на пресудите и подготовка на терен за нивно поништување.
Истовремено се носат решенија во правосудството спротивни на европските препораки, се поставуваат партиски луѓе на клучни позиции и се слабее институционалната независност. Сè со една цел – да се обезбеди безбеден терен за враќање на ‘газдата’“, велат од СДСМ.