СДСМ: Таравари се шета низ Вашингтон, пациентите со канцер без терапија
На проблемот што се појави на Клиниката за онкологија, каде снема лекови за биолошка терапија, денес реагираа од опозицискиот СДСМ. Тие велат дека, додека министерот за здравство, Арбен Таравари, се шета низ Вашингтон за инаугурацијата на Доналд Трамп, во „здравството се случува хаос“.
Во нивното соопштение се вели дека „додека министерот за здравство се шета по САД и објавува слики од рекламни паноа, пациентите на Клиниката за радиотерапија и онкологија се оставени без биолошка терапија. Ова е недозволиво и е уште еден доказ за неспособноста на владата на Мицкоски и министерот Таравари да се справи со елементарните потреби на граѓаните и здравствениот систем.Наместо одговорност и навремено снабдување, гледаме само изговори и административни пречки кои ја продлабочуваат кризата.Дали оваа влада, која ги троши народните пари на мебел, коли и луксуз, има барем малку одговорност кон граѓаните чие здравје и живот се загрозени?“, велат од СДСМ.