СДСМ: Специјализантите чекаат работа, Таравари решава етнички прашања


И по осум месеци откако вети дека ќе обезбеди вработувања за специјализантите, министерот за здравство Арбен Таравари нема решение за нив, порача денес СДСМ.
 
„ Како што и самиот вели, за него се приоритет етничките теми, за сè друго може да се дискутира понатаму. Оваа шокантна изјава на главниот политички партнер на Мицкоски, премиерот-нем набљудувач кој немо ја следи оваа состојба, е признание за целосниот дебакл на Владата да одговори на проблемите во здравствениот сектор, но и да реши било кое друго конкретно прашање кое е од интерес на граѓаните.
 
Во отсуство на идеи и капацитет да се соочи со реалните проблеми, со децата кои умираат по клиниките, недостатокот на лекови и персонал, Таравари реши да се посвети на она што знае дека единствено може да го спаси од оваа ситуација – етничките теми и прашања. Граѓаните не се веќе наивни и овие игри одамна ги имаат прочитано. Тие бараат решенија за проблемите кои ги мачат секој ден, очекуваат помош од Владата за заштита на стандардот кој тоне, очекуваат министерот за здравство да зборува за здравство, а не да глуми патриот. Стратегијата на поделби на Таравари и Мицкоски е прочитана како буквар. Граѓаните веќе нема да дозволат да бидат излажани со оваа пропаганда“, реагираат од СДСМ.