СДСМ прашува кој е интересот на Мицкоски да ги штити дивоградбите во Чаир
Координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска изјави дека власта наместо да спроведе истрага, санкции и одговорност за еден од најсериозните урбани скандали во последната деценија со 150 дивоградби во Чаир таа молчи.
„Власта ја штити урбаната мафија“, рече таа и запраша:
„Кој интерес стои зад заштитата на овие 150 дивоградби? Зошто Мицкоски не бара одговорност од своите коалициски партнери во ВЛЕН? Зошто Панче Тошковски не отвора истрага? Кој го контролира урбаниот криминал во Чаир – и што добива ВМРО-ДПМНЕ за возврат?“
Според јанчева, овој скандал е тест за владеење на правото. „А власта падна на тој тест. Наместо санкции – штитат криминал. Наместо постапки – закани и сценарија за страв. Како советничка група бараме вонредна седница на Советот на Град Скопје.
Ова не е политичка битка – ова е борба за поредок, за правда и за скопјани“.