СДСМ прашува: Каде е доктор Жан?
СДСМ прашува каде исчезна доктор Жан Митрев, откако со денови се ширеа спектакуларни тврдења дека екс и сегашниот лидер на СДСМ, Зоран заев и Венко Филипче, сакале да му ја земат болницата со притисоци.
-По измислените црни кампањи против претедателот Венко Филипче, со измилена зграда во Дубаи, златни визи, Венеција, скијање и скокови во далечина, следеше неколкунеделна црна кампања осмислена од ВМРО, а пласирана од ВМРО-Орбан медиумите преку доктор Жан и Алфа телевизија која служеше како дефокус од одлуката за носење 10.000 „економски работници“. Од тоа нема ништо. И денеска на сите им е јасно.Го нема ниту доктор Жан да отиде до обвинителството и да пријави. Го чекавме тој чекор за да поднесеме кривична пријава. Ама го нема.
Сега, кога нема одговор за најголемиот нарко скандал со 5 тони дрога која преку Македонија завршила во Србија, има нова секојдневна кампања за 100 тони како дефокус. Плус, повторно ВМРО-Орбан медиумискиот октпод пласира кампања за Катица против предметите на СЈО за две работи како дополнување на дефокусот од 5 тони, но и како подготовка за доаѓањето на Груевски. Така изгледа секојпат кога сакаат да ги тргнат очите на јавноста од најважната тековна работа: шверц на 5 тони дрога преку македонската граница вредна 40 милиони евра. Класичен деофкус за покривање на државниот криминал што го прави ВМРО, оценуваат од СДСМ.