СДСМ: Орбан го шири влијанието на Балканот
СДСМ со длабока загриженост ги следи најновите случувања во регионот, кои откриваат како унгарскиот премиер Виктор Орбан го шири своето влијание врз клучните економски и енергетски сектори на Балканот, се посочува во соопштението од СДСМ.
Од СДСМ посочуваат дека во Давос, премиерот Мицкоски немаше средба со ниту еден висок европски или светски лидер. Видеата кои сам си ги снимаше се гледа дека имал само неколку средби со негови партнери меѓу кои и сопственикот на унгарската 4iG.
Според СДСМ, политичката и бизнис спрега на релација Орбан-Мицкоски влијае и врз Македонија.
Според најновите информации, велат од СДСМ, унгарската енергетска компанија МОЛ, блиска до Орбан, потпишала прелиминарен договор во обид за купување на 56,15% од акциите во српската нафтена индустрија (НИС), која досега беше под контрола на рускиот Газпром.
Овој обид не е само бизнис потег, таа е дел од Орбановиот план за контрола врз енергетските ресурси во регионот, вклучувајќи го и главниот енергетски систем на Србија, кој НИС го доминира како единствен рафинерија за нафта во земјата, наведуваат од СДСМ.
Покрај ова, Орбан преку унгарски компании веќе инвестира во банкарскиот сектор во Србија, како што е случајот со ОТП банка, која има значително присуство и аквизиции во регионот, како и во различни сфери на бизнисот.
Ова ширење на влијанието сега го опфаќа и енергетскиот сектор, со планови за нафтовод меѓу Србија и Унгарија и зголемени испораки на нафта од МОЛкон Србија поради санкциите.
Двете земји и понатаму одржуваат блиски односи со Русија иако тоа е спротивно на политиката на ЕУ која бара и воведување на санкции.
Во исто време и Мицкоски најавува интерес за енергетски проекти во Македонија.
Според СДСМ, овие чекори се дел од затворениот круг Фидес-СНС-ВМРО, каде што Орбан, Вучиќ и Мицкоски соработуваат за да ги зајакнат своите позиции на штета на европските интеграции и демократијата.
„Ова не е изолиран случај, потсетува на веќе видените врски, како што е влезот на 4iG во македонскиот телеком сектор, која е блиска до Орбан и добива масивна државна поддршка во Унгарија. Таквите инвестиции служат за зголемување на контролата врз стратешки сектори, медиуми и информации, создавајќи мрежа на авторитарни влијанија што ја изолираат регионот од ЕУ“, се наведува во соопштението, при што се додава дека СДСМ веќе неколку месеци предупредува за овие планови на ВМРО, кои копираат модели од Фидес и СНС, злоупотребувајќи ја власта за лични и партиски интереси.
СДСМ повикува на будност и заштита на националните интереси од странски влијанија што ја загрозуваат независноста и европската иднина на Северна Македонија.
„Не смее да се дозволи нашата земја да стане дел од овој круг на корупција и авторитарност“, се вели во соопштението на СДСМ.
СДСМ: ВМРО подготвува новo движење по моделот на Вучиќ за контролирана и раситнета опозиција
ВМРО подготвува ново движење кое треба да прерасне во нивна сателит партија во Македонија. Уште едно copy-paste сценарио по моделот на Вучиќ за контролирана и раситнета опозиција. Станува збор за Српска демократска лига, која ќе биде копија на Српската лига – партија со проруски наратив и силна поддршка на „Русија“. Тука од ЗНАМ се издвојува Саша Богдановиќ како можен претседател поради неговите врски со СНС. Тој треба да ја замени улогата на Стоилковиќ, познат по средбите со „Ноќните волци“ на Путин, се вели во соопштението од СДСМ.
Се разговара и со други квислинзи од редовите на СДСМ, уценети или купени, со финансиска помош од ВМРО. За нови движења со кои треба да се збунат гласачите и да се намали поддршката на СДСМ.
Тоа е политика на така наречени „карирани стројници“ и „кафански конгреси“.
Целта е едноставна: раздробување на гласовите и слабеење на вистинската опозиција – СДСМ. Единствената опозиција што не е контролирана, за разлика од сите оние што одат на состаноци (давајќи легитимитет на тендерската коалиција да продолжи со ограбување на државата преку тендери) и што во Собранието гласаат за законите на ВМРО, кои утре ќе бидат злоупотребени за цели на следење на опозицијата.
Сега веќе на сите им е кристално јасно зошто се постојаните напади на СДСМ, обидите за рушење на партијата и црните кампањи.