СДСМ: Новиот директор на АНБ е човек на Мицкоски


СДСМ реагира на изјавата на лидерот на Алијансата и министер Арбен Таравари дека назначувувањето на Бојан Христовски на чело на АНБ е личен избор на премиерот Христијан Мицкоски. Според нив, Таравари ја потврдил во целост целост опасната партизација на АНБ.

„Дури и на оние на кои не им беше јасно сега им е кристално јасно сè. Поставувањето на Христовски на директорската позиција на АНБ е избор и директива на Мицкоски. Тој сака свој човек кој во целост ќе го контролира и ќе му служи само на него и на ДПМНЕ.Мицкоски го враќа времето на директни злоупотреби на безбедносните служби во партиски и лични цели како што беше во минатото.Затоа по секоја цена се турка партиски кадар – претседател на Градски комитет на ДПМНЕ, близок до Мицкоски, спротивно на член 10 од Законот за АНБ и со бројни сомнежи дали воопшто ги исполнува критериумите за оваа позиција.

Бојан Христовски во едно интревју самиот призна дека нема безбедносен сертификат  за „државна тајна“ а барањето за ваков сертификат го поднел дури откако беше назначен на директорската позиција.Се уште е отворено и прашањето дали Христовски воопшто има 5 години стаж на раководни позиции сигласно законските услови или не? Во неговата објавена биографија недостасуваат прецизни датуми за неговото раководно искуство од 2012 до 2017 година. Не е потврдено ниту дали Христовски има вистински документ за соодветно познавање на англиски јазик, затоа што документот што го приложил е од училиште во Пловдив Бугарија а во Пловдив воопшто нема TOEFL центар за тестирање. Ова се премногу спорни работи за вака важна позиција.Затоа Христовски треба да биде разрешен и да биде назначен нов директор на АНБ. Професионализмот мора да се заштити и АНБ да биде во функција на државните интереси, а не на интересите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, порачаа СДСМ кои неколку дена во континуитет притискаат за оваа одлука. 

Од ВМРО-ДПМНЕ претходно порачаа дека СДСМ пие „апчиња за заборавање“ , споменувајќи го Виктор Димовски, кој беше член на Извршниот одбор на СДСМ и член на партиското дипломатско тело, а беше  раководен кадар во АНБ.

„Да не се заборави ниту улогата на Еролд Муслиу кој зема активно учество во кампањата на СДС, која партијата катастрофално ја загуби и за време на која Муслиу како партиски портпарол, но во исто време и прв разузнавач, креираше лажни документи, кодошеше и манипулираше при доделувањето на  безбедносните сертификати и редица други злоупотреби.
Да не заборавиме ниту на улогата на семејството Ременски, која е пример за тоа како брачен пар ја злоупотребува политичката моќ за партиски цели.Воедно, да не се заборави ниту функцијата на доскорешниот генерален директор на СДС, Миле Зечевиќ кој се само нарекуваше Вардарски, кој беше поранешен директор на УБК. Значи, генералниот секретар на СДС контролирал и бил прв човек на разузнавачките служби.Ја молиме СДС помалку да пие од апчињата за заборавање. Ако тие забораваат, Македонија памети“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што мислат граѓаните за изборот на едните и на другите, очигледно не е битно. 

Со реакција излезе и пратеникот Бране Петруѓевски тврдејќи дека досега АНБ била партизирана, а сега со партискиот кадар Христовски – ќе биде професионална и при набројувањето на партиските директори во овој сектор заборава да ги спомене тие што претходно ги именуваше ВМРО-ДПМНЕ, пред се Сашо Мијалков заради кој беше распадната УБК.

„Виктор Димовски беше член на ИО на СДС, долги години беше во голем број партиски комисии и совети. Тој на чело на АНБ дојде како чисто партиско решение, потенцира Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС наместо да ја професионализира службата, ја партизираше, дополнително на тоа шиканираа професионалци и избркаа од АНБ се што не е во нивната матрица.СДС спроведе хајка во службите, и наместо институции за почит, добивме институции на кои им се случија низа пропусти како издавање пасоши на над 20 нарко босови од регионот и светот, кое траело со години, без никој да го примети или спречи.Видовме кои се последиците од лошото владеење на СДС со државата и управувањето со службите. Затоа, заврши времето на партизација на службите. Следува ново време на промени и професионализација“, тврди Петрушевски.