СДСМ не очекува државнички сенс од политичари кои не гледаат подалеку од својот нос


Стефан Васев од СДСМ реагираше на најавите за секојдневни протести од ВМРО-ДПМНЕ заради, како што се тврди, прифаќањето на условите од страна на Бугарија за зашпочнување преговори со ЕУ.Притоа Васев ги нарече преставниците на оваа партија штетници кои попрво би ловеле во матно, отколку да и помогнат на државата да напредува. 

Ние не се помируваме со блокади, не се откажуваме ни кога ситуацијата е тешка и неизвесна. Ние работиме за граѓаните, за иднината а тие навиваат за неуспех на државата.Од ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ и нема што друго да се очекува освен поткопување на сите напори за успех на процесот за добивање прва меѓувладина конференција, односно одглавување на блокадите на патот кон ЕУ.

Иако е јасен и гласен нашиот став дека идентитетот и јазикот не се и никогаш нема да бидат ставени на преговарачка маса, Мицкоски со лаги и измислици се обидува да ги руши македонските позиции и тоа во крајно чувствителен момент.Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголемите штетници кога се работи за националните и стратешки интереси на државата.Не може да очекуваме државнички сенс од политичари кои не гледаат подалеку од својот нос и од својот личен интерес.Тие попрво би ловеле во матно, отколку да и помогнат на државата да напредува и да се интегрира.

Секој одговорен политичар знае дека во чувствителни моменти се помага на државата а не се одмага. Не се шират невистини, не се пишуваат лаги на Фејсбук.Прашањата за иднината на земјата, како што е членството во ЕУ се поголеми и поважни од партиските интереси на било која партија.Срамно е што ниту Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ не дава поддршка, не праќа ниту една порака за успех на процесот.

Не е проблем што нѐ напаѓаат нас, проблем е што свесно и наштетуваат на државата.Во моментите кога правиме силни напори да добиеме поддршка за почеток на преговорите, најмалку што и е потребно на државата се внатрешните минирања на тие напори и расфрлањето со хушкачка реторика.Граѓаните за разлика од Мицкоски го разбираат тоа и нема да подлегнат под саботажата на Мицкоски, порачаа од СДСМ.