СДСМ: Мицкоски се пофали со нашите економски политики. Му благодариме
Од опозициската СДСМ, денеска преку соопштение до медиумите, изјавија дека растот на БДП со кој на прес конференција се пофали премиерот Христијан Мицкоски, вусшнот било заслуга на претходната влада.
„Нема поголема потврда за успешноста на економските политики на СДСМ во тешки услови на глобална економска и енергетска криза од денешната прес конференција на Мицкоски. Денеска Мицкоски се пофали со резултатите на економските политики на СДСМ во изминатите години, за што му благодариме“, соопштија од СДСМ, посочувајќи дека нивните политики успешно одговориле на глобалните предизвици, ги зачувале работните места и стандардот на граѓаните, ја намалиле растечката инфлација, додека платите и пензиите растеа.
Од СДСМ велат дека резултат и политиките на оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ ќе се мерат наредната 2025 година, почнувајќи од првиот до последниот квартал.
„Тогаш јавноста ќе види што испорачал. Ако во првите 6 месеци гледаме целосно погрешни економски политики, граѓаните осиромашуваат а платите не растат и економските резултати 2025 година ќе бидат полоши“, велат од опозциската партија.