СДСМ: Мицкоски не го знае Уставот
Владејачката СДСМ реагира на изјавите на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, кој денеска рече дека даварок до вторник рано претпладне министерот за здравство и неговиот заменик да ги достават своите оставки до Собранието за да можае тие да бидат констатирани на почетокот на веќе закажаната нова седница.
Од СДСМ велат дека предлогот на Мицкоски е голо политиканство и очаен обид да се напаѓа неосновано. „Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница“, појаснуваат од таму.