СДСМ: Мицкоски како Луј XIV, народот гладува а тој се гоштева!


Мицкоски како Луј XIV – народот едвај преживува а власта се гоштева, објави денес во реакција СДСМ алудирајќи на вчерашниот масовен Велигденски ручек што го организираше премиерот во хотелот „Хилтон“ на државна сметка.  
 
„Мицкоски, народот е гладен. Граѓаните се со празни фрижидери и празни џебови, немаат ниту за скромна Велигденска трпеза.И додека народот едвај преживува, го брои секој денар, вие како Луј XIV, со владините функционери се гоштевате по скапи хотели. На сметка на граѓаните.
Нема пари за 600 евра минимална плата, нема пари за субвенции, нема пари за мерки за граѓаните. Пари има само за луксузот на Мицкоски. Манго, папаја, лосос, авиони, скапи гозби.
 
Со часовник од 60.000 евра, немате никаков допир со суровата реалност во која живеат граѓаните.Оваа Влада не се грижи за граѓаните, мисли само на себе и својот луксуз и своето богатење.Не ли се најадовте и не ли се напивте? Уште колку ви е доволно?“- прашуваат од СДСМ.