СДСМ: Мицкоски и трговците ја подготвија измамата со кошничката
Опозициската СДСМ тврди дека „новогодишната кошничка“ била целосен дебакл и дека тоа е „резултат на измамата која ја подготви Христијан Мицкоски заедно со трговците“. Од партијата тврдат дека СДСМ ја разоткрил шемата уште кога таа се подготвуваше.
„Токму со амин на Мицкоски, трговците ги качија цените и треба конечно да престане да ги лаже граѓаните. Доцна е за префрлање на вината.
Сега треба да признае дека тој е автор на оваа огромна кражба на граѓаните во маркетите и дека во договор со трговците е дојдено до оваа ситација. Тој ги остави намерно и непречено да ги качуваат цените со месеци пред да стапи на сила мерката. А кога стапи на сила мерката цените само се качија а не се намалија.
Какви робусни акции какви глупости најавува Мицкоски кога досега не спроведе ништо? После свадба тапани. Пред само три дена министрите од неговата влада беа во маркетите и лажеа дека цените се намалени. Ќе побара ли сега Мицкоски одговорност од нив?
Најамалку што може да направи Мицкоски е да им се извини на граѓаните“, велат од СДСМ.