СДСМ: „Иницијативата“ е дел од паниката во ВМРО. Шилегов ја најави, а денес се оградуваат од него


 

Опозициската СДСМ попладнево одговори на наводите во одредени медиуми дека се подготвувала „Иницијатива“ за да му се спротивстави на ВМРО-ДПМНЕ во која наводно биле поранешни и сегашни пратеници на партијата и поранешни функционери. СДСМ оценува дека сето тоа доаѓало од кујната на ВМРО-ДПМНЕ да ја раздроби партијата.

„Ги собираат сите што можат да ги купат и уценат. Гледаат дека не можат да го скршат АКТ и раководството на СДСМ, по сите закани што ги упатија, по црната кампања.

Почнуваат со својот последен адут. Како? Се создава ДОС во кој нема место за СДСМ. Се оградуваат од своето минато, нема имиња.

Кога ќе излезе списокот, на граѓаните ќе им стане јасно кои се тие што, како што велат, ‘не се борат за фотелји’.

Во брифингот објавен во медиумите велат дека ВМРО е силна партија, а опозицијата е распарчена на мали партии.

Шилегов ја најави ‘Платформата’ за рушење на СДСМ токму вечерта кога се одбележуваше трагедија во Кочани, ја злоупотреби емисијата за да ја нападне сопствената партија.

Шилегов ја најавува ‘Платформата’, а тие денеска се оградуваат од него. Затоа што СДСМ објави дека платформата е осмислена од ВМРО уште истиот ден.

Кому сè уште не му е јасно дека СДСМ е единствената опозиција, единствената неконтролирана партија што се бори власта да се врати во рацете на граѓаните?

Дали сега е јасно целото сценарио за кое зборуваме изминатите три месеци? Затоа ние единствени се бориме за ЕУ, за Македонија да не остане црна точка во Европа“, велат од СДСМ во партиското соопштение.