СДСМ го обвини ЗНАМ дека биле колаборанти на ВМРО-ДПМНЕ за пари


 

Во понг-понг соопштенија СДСМ го обвини владиниот партнер ЗНАМ дека партијата на Максим Димитриевски и ВМРО-ДПМНЕ се во измислен судир (оценките на Антонио Милошоски за министерот за правда Игор Филков), потоа ЗНАМ реагираше дека социјалдемократите се во целосна немоќ, за потоа СДСМ да испрати уште една реакција во која тврди дека во владата се случува колаборација за пари.

„Колаборантот Максим Димитриевски прво ја предаде СДСМ. Сега, преку ЗНАМ, ја предава и Македонија (околу мигрантите – н.з.). За што? За пари, бизниси и моќ.

ЗНАМ-ДПМНЕ заедно се во криминалот и заедно ја продаваат Македонија. За пари. Затоа и договорот за мигранти е поради пари.

Како што велат денеска колаборантите од ЗНАМ: ‘Официјален демант дадоа сите релевантни институции во државата, на чело со премиерот’. Аха, значи ЗНАМ нема свој став – како што кажал премиерот, така.

Нема посилна потврда дека ЗНАМ-ДПМНЕ се заедно во дилот за мигранти и дека се договорени да сценираат судир за одвлекување на вниманието на граѓаните од темата мигранти“, соопштија СДСМ.