СДСМ: Цела недела нема одговор како пет тона дрога поминале граница


Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница и кој сѐ е вмешан?
 
СДСМ потсетува дека цела недела по објавувањето на картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во Србија, нема одговор на клучното прашање: Како 5 тони дрога поминала преку македонската граница?
 
-Станува збор за огромна количина на дрога. Пет, десет, можеби и повеќе шлепери со дрога ја поминале границата а нема приведени, нема осомничени, нема информација кој се е замешан. 
Како е можно од самиот центар на Скопје да излезат 5тони дрога и “лесно невидливо” да ја преминат границата и да заминат за Србија? Каде се камерите на „Safe City“? Каде била полиција? Каде била Мобилна царина? Зошто немало контроли? Што правеле АНБ и АР?
 
На сите им е јасно дека без поддршка и логистика од врвот на власта не е возможно да се шверцуваат 5 тони дрога. Од медиумите видовме дека случајот во Србија е поврзан со сестринската партија на ВМРО- СНС како и со државни функционери. Прашањето е кој се е вмешан од структурите во Македонија и кој дозволил 5 тони дрога да поминат преку граница?
Мицкоски, Тошковски, Тарчуловски, Николовски, началници, раководители, инспектори, службеници. Кој?
 
Заплените кои ги прави власта не се одговор на главните прашања туку дефокус од скандалот со 5 тони дрога.Но, и тоа не може да ја спаси власта. Доколку се запленети нелегално произведен и складиран канабис во Македонија, тогаш повторно одговорноста е кај власта и кај никој друг.
Затоа што дозволиле нелегално да се произведува и складира марихуана изминатите две години.Одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога која од Македонија завршила во Србија води директно до врвот на владата, реагираше денес СДСМ.
 
Симптоматично е што за оваа зашплена не најде за потребно да одржи брифинг министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. место тоа од ВМРО-ДПМНе ја забавуваат јавноста со бивши афери, како таа колку пари земале од СЈО (општо познат факт) и за марихуана бизнисот на Зоран Заев, кој за тоа најави тужба. 
 

Во „филмовите“ што власта ги прави цела недела место да каже како поминала дрогата и врз која основа запленува марихуана од други фирми, се расфрлаат силни зборови како картели и се бара да се истражи учеството на екс премиерот во случајот за кој МВР организираше акција и знае кој стои зад него.  

-Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во неделата рано изутрина.Нервозната реакција е јасен знак дека Заев се чувствува директно погоден и разоткриен, откако вистината почна да излегува на виделина.

Факт е дека токму владата предводена од Заев го постави темелот на бизнисот со марихуана во Македонија. Околу 70% од запленетата дрога е поврзана со фирма блиска до СДС, „ЦБД Медплант“, чиј основач е Тони Котев (Мгчев), поранешен претседател на општинскиот одбор во Ново Село, човек поврзан со Вице Заев. Фирмата, формално во сопственост на неговиот син, за помалку од шест месеци испорачала 19 тони марихуана. Фирмата на Мгчев добива одобрение за работа во време кога владата ја предводеше Заев, а Филипче беше министер за здравство, поточно во 2020 година. ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш укажуваше дека лиценците за одгледување марихуана за медицински цели се доделувале исклучиво на фирми блиски до власта, а не според законски услови.

Медицинската марихуана била параван за организиран криминал во огромни размери.Јавноста има право да знае и зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија.Апелираме до Јавното обвинителство да ја истражи вмешаноста на Заев и Филипче во овој случај и да ги објави сите сознанија. Борбата против криминалот е јасна, а на наркокартелот на Заеви му доаѓа крајот, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ театрално.