СДСМ бара вонредна седница на Град Скопје и прогласување вонредна состојба
Прогласување на еколошка и здравствена кризна состојба во главниот град, побара денеска советничката група на СДСМ. Поради алармантното загадување, тие поднесоа иницијатива за свикување на вонредна седница на Советот на Град Скопје.
Од партијата обвинуваат дека додека Скопје руши рекорди по загаденост во Европа, градските власти не инвестираат ниту денар во проекти за почист воздух.
Советничката Катарина Цаневска Арсовска упати критика и до премиерот, посочувајќи дека реалноста на терен не кореспондира со политичките изјави дека воздухот е „почист од оној во Виена“.
За вонредната седница, СДСМ предлага конкретни мерки: бесплатен јавен превоз во деновите на високо загадување, пренамена на пари за инвертери и забрана за греење на дрва и јаглен во населбите каде што има централно парно.
„Бараме да се донесе Одлука со која намалувањето на загадувањето на воздухот се утврдува како приоритет, и да се даде приоритет на финансирањето на мерки од Градот Скопје, бидејќи досега не се инвестираат пари во проекти за почист воздух, граѓаните се оставени сами на себе. (…) Не може да има пари за милионски тендери за испумпување на парите на граѓаните, 9 милиони евра за само една фирма, или 161 тендер за друга фирма а да нема пари за скопјани“, изјави Цаневска Арсовска.
🚨 ‼️🔔Наум Стоилковски со драматично обраќање до Владата и со повик да се спречи геноцидот на граѓаните на Скопје.
**Наум, скоро 2 години сте власт, редно време е да се освестите и да почнете да ја вршите работата за која сте скапо платени. pic.twitter.com/EV57wwTFbK
— Робусна Акција (@RoAcX87v2) December 20, 2025
На Х инаку се врти видео на Наум Стоилкоски кој како портпарол на ВМРО-ДПМНЕ додека беше во опозиција загадувањето во градот го нарече геноцид и гасна комора со порака дека во Скопје нема услови за живеење. Сега сите молчат.