СДСМ бара власта веднаш да ги намали цените на горивата по падот на светските берзи
По падот на цените на светските берзи власта веднаш да ги намали цените на горивата во Македонија. Цените на светските берзии паднаа, а во Македонија од денеска се зголемени цените на горивата, се наведува во соопштението од СДСМ.
„Просечната дневна потрошувачка на дизел гориво во Македонија се движи меѓу 1.800 тони дневно а на бензин околу 260 тони. Во ситуации како вчера кога е зголемена побарувачката, потрошувачката на дизел гориво може да надмине 2.000 тони“, се евли во соопштението до медиумите.
Од таму пресметаа дека 14 денари по литар, колку што е зголемувањето, тоа се 450.000 евра дневно или над 3 милиони евра неделно, колку што со новиот правилник е предвидено да се менува цената.
„Значи 3 милиони евра би платите граѓаните повеќе само ако не се корегира веднаш цената со оглед на падот на цените на светските берзи“, велат од СДСМ, прашувајќи каде завршуваат овие 3 милиони евра и кој има интерес од сегашното зголемување на цената?
„Дали Владата намерно ги зголеми цените иако цената на барелот веќе падна вчера“, прашуваат од СДСМ, потсетувајќи дека вчера предложија сет мерки, за кои власта не била заинтересирана.
„Власта веднаш да ги намали цените на горивата и да ги прифати мерките на СДСМ за намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, за намалување на акцизата за 4 денари и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи“, бараат од СДСМ.