СДСМ бара да се расчисти случајот со Вјоса Османи


По инцидент со косовска претседателка Вјоса Османи на Меѓународниот аеродром во Скопје со граничната контрoла, опозицијата бара целосно расчистување на настаните. 

Од опозициската СДСМ со писмено соопштение прашуваат дали се прикрива вистинската верзија за тоа што се случило и од кои причини, затоа што во јавноста се појавија три верзии дипломатскиот скандал.

„Вистина ли е дека лице од обезбедувањето на(собранискиот спикер Африм) Гаши се заканувало со огнено оружје на вработени на ТАВ и каква била неговата улога? Дали ова во детали ќе го истражи и соопшто МВР или ќе се обиде да го забошоти случајот?

Поранешниот министер за надворешни работи од ДУИ, Бујар Османи го осуди, како што велинеприфатливата и скандалозната акција на скопскиот аеродром против косовската претседателка.

„ Овој инцидент јасно ја покажува неспособноста и неодговорноста на илегалните албански претставници во владата. Непосредна одговорност треба да понесат узурпаторите на албанското претставништво во Владата и да ги повикаат одговорните за оваа срамна ситуација“, напиша поранешниот минитсер Османи на својот официјален Фејсбук профил.

Артан Груби – поранешниот вицепремиер реагираше на инцидентот со кој се соочи косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром и побара прошка од Косово.

Груби на Фејсбук напиша „Косово, прости ни.Од господар до станар, од одлучувач до вазал, од горд до домашен миленик, од достоинствен до безрбетен, од белолик до груб, од учен до неук, од храбар до кукавица, од владетел до слуга, од победник до победен, од Европа и од Америка во Русија и Србија, од Али Ахмети до Иван Стоилковиќ“, напиша тој во објавата.

Министерството за внатрешни работи на Македонија соопшти дека инцидентот на скопскиот аеродром, во чиј центар била претседателката на Косово, Вјоса Османи, се случил затоа што сакала да помине без да и бидат проверени телефонот и багажот.

„Прво, низ скенерот на аеродром не смее да се помине се телефон. Значи телефонот мора да биде оставен настрана. Второ, со претседателката на Косово требало да има лице од амбасадата на Косово во Македонија а нејзиното обезбедување нема никакви ингеренции освен заштита на нејзиниот физички интегритет. Трето, доколку имало некаков проблем лицето од амбасадата треба да реагира до МНР кое е единствено надлежно за разрешување на вакви ситуации. Вмешувањето на обезбедувањето на Гаши е спротивно на законите и треба да биде соодветно санкционирано (доклку имало репетирање на пиштол треба да се бара и кривична одговорност. Со тоа што Претседателката на Косово му се јавила на Гаши наместо да оди преку регуларни канали на институциите на Македонија покажала елементарно непочитување на државата во која во моментот се наоѓа. Со тоа што Гаши испратил свое обезбедување да решава проблем поврзан со странски граѓанин Гаши покажал дека не ја признава државата чии пратеник е и не ги признава нејзините институции“, оцени таа.

Претходно советникот за медиуми на косoвската претседателка Османи на 1 август соопшти дека обезбедувањето на скопскиот аеродром спротивно на меѓународните практики се обидело на Османи да и го земе телефонот и личната чанта, но и дека аеродромското обезбедување физички ја турнало. Османи за инцидентот го известила претседателот на Собранието на Северна Македонија Африм Гаши, по што интервенирале припадници на неговото обезбедување.

Компанијата ТАВ Македонија реагираше наведувајќи дека спровеле стандардна безбедносна проверка и дека како аеродромски оператор имаат законска обврска за спроведување на безбедносен преглед на сите патници, багаж и стоки на летовите од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, вклучително и патниците кои патуваат преку ВИП-салонот.

Од Кабинетот на Гаши по инцидентот кусо соопштија дека припадниците на неговото обезбедување, кои се вработени во МВР, интервенирале за да ја смират ситуацијата и да им помагаат на нивните колеги за спроведување на безбедносните постапки при посета на ВИП личности.

„Веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со ОЈО за ГОКК се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, наведуваат од МВР на Северна Македонија.