Саудиска Арабија ќе биде домаќин на ЕКСПО 2030


Ријад – Главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, ќе биде домаќин на светската изложба ЕКСПО 2030. Ова беше одлучено денеска со гласање меѓу 182 членови на Меѓународното биро за изложби.

Јужнокорејскиот град Бусан и италијанската престолнина Рим исто така беа во игра за домаќини на настанот.

Светските изложби се одржуваат еднаш на секои пет години и привлекуваат милиони посетители, како и инвестиции вредни милијарди долари.