Сараевски ученици ретко се појавуваат во училиште – за дојави на бомби уапсени малолетници
Во текот на ноќта, под надзор на обвинителот на Кантоналното обвинителство на Сараево, полициските службеници на полициската управа приведоа две малолетни лица за кои постои сомнеж дека лажно пријавиле постоење на експлозивни направи во средни училишта и други објекти на територијата на главниот град во Босна и Херцеговина вчера и претходно.
Мешовит тим составен од полициски службеници од Полициската управа, експерти за сајбер безбедност од Федералната полициска управа и кои работат под надзор на Кантоналното обвинителство на Кантонот Сараево, продолжуваат со интензивна работа на овие случаи, соопшти сараевската полиција.
„Тимот соработува со претставници на Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина“, додаваат тие.
Претходно Федералната полициска управа и Министерството за внатрешни работиво соработка со Агенцијата за разузнавање и безбедност идентификуваа две лица кои пријавија бомби во училиштата во Сараево, а потоа полицијата уапси малолетник за истото дело.
Овој проблем со години е присутен во кантонот Сараево, но се засили со почетокот на новата учебна година, во која учениците од некои училишта речиси и не посетуваат настава поради лажни дојави за бомби.