Санкционирани 122 возачи во Сарај

Во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли на МВР во областа на сообраќајот, само на територијата на општина Сарај изречени се вкупно 122 санкции,, од кои за возење без возачка дозвола казнети се 20 лица, а 37 се за технички неисправни и нерегистрирани возила…
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Инаку, вкупно 332 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 109 прекршоци, се изречени од страна на МВР во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциските контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, меѓу останатите казни се: 48 за технички неисправни и нерегистрирани возила, санкционирани се 20 мотоциклисти, а изречени се 37 казни за неносење на заштитна маска.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведуваат од МВР.