Само што почна судењето за Пендиков се одложи


 
Само што почна, судењето за претепувањето на Христијан Педников во Охридскиот суд, се одложи. Причина за одложување на рочиштето е новиот доказ против обвинетиот Илија Спасевски, кој охридското Обвинителство го достави до судот. Одбраната побара повеќе време за проучување на доказот, но откако судијата тоа не го дозволи, адвокатите на обвинетиот ја напуштија салата, а судењето без нив не можеше да продолжи. По излегувањето од судот, Пендиков се пожали оти имал повреди, но за различка од претходните тврдења дека се плаши да се врати во Македонија, сега изјави дека не се плаши.

 

„Лично да се плашам, не се плашам. Ама не е убаво чувството да добивате по 20-30 смртни закани со пцуење, на Фејсбук, месинџер, да се читаш во коментари“, изјави Пендиков.

Тој вчера даваше изјава и пред охридското Обвинителство кое води постапка и против битолчанец, а поради неговото натепување.

Адвокатот Димитрија Цобoски кој го брани обвинетиот Спасески рече дека судницата ја напуштил оти на некој начин има притисок, со оглед дека не беше дадено одлагање на рочиштето иако беше доставен нов доказ кој бараа да го проучат. Новиот доказ се однесува на вештачењето на повредите на Пендиков.На претходното рочиште Спасески се изјасни дека не се чувствува за виновен за претепувањето на Пендиков. 

Од Обвинителството соопштија дека на 19 јануари, осомничениот битолчанец, заедно со уште едно лице против кое веќе се води постапка и е поднесено обвинение, од омраза поради националната и етничката припадност нападнале еден оштетен кој се изјаснувал како Бугарин, го удирале со раце и нозе по главата и телото и тешко телесно го повредиле.

Пендиков дојде од Бугарија откако таму беше однесен со специјален авион на лекување. Во меѓувреме, доби и бугарско државјанство. Тој беше и секретар во бугарското здружение „Цар Борис III“ во Охрид.

Обвинителството поднесе обвинение против Илија Спасески, инаку наставник по професија, а уште едно лице кое учествало во тепачката и трето лице кое гледало и било сведок на настанот, не се достапани и за органите на прогонот.