Само четири жени станаа градоначалнички – нема родова еднаквост на локално ниво

На овие избори имаше вупно 309 кандидати за градоначалници, од кои само 32 беа жени


 
 Општините Кисела Вода, Македонска Каменица, Неготино и Демир Капија се единствените четири општини кои во следните четири години ќе бидат водени од жени, што е премалку за да се зборува за некаква родова рамноправност во водечките функции.

Имено, на локалните избори 2025, четири жени успеаја да ја добијат довербата на граѓаните и да бидат избрани за градоначалнички во своите општини – една во првиот круг и три во вториот.

„Реконструкција на месните заедници во Драчево и Пинтија, во Припор- канализација Бабин Дол, осветлување на патот кон манастирот Пеленица, подземна инфраструктура, пешачко-велосипедска патека
Бети Стаменкоска Трајкоска ќе ја води општина Кисела Вода

Во првиот круг, единствената избрана градоначалничка беше Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја води општина Кисела Вода.

Во вториот круг, втор мандат освои Соња Стаменкова во Општина Македонска Каменица, поддржана од Коалицијата „Локални избори 2025 – СДСМ“.

Соња Стаменкова во Македонска Каменица

Градоначалнички мандат во вториот круг освоија и кандидатките на Коалицијата „Твоја Македонија – ВМРО-ДПМНЕ“ Марија Нацева во Општина Неготино и Наталија Димитриева во Општина Демир Капија.

Маарија Нацева ќе го води Неготино

На овие избори имаше вупно 309 кандидати за градоначалници, од кои само 32 беа жени (10.35%).

Наталија Димитриева за Демир Капија

Најмногу кандидатки – три – имаше во Прилеп, додека, по две се натпреваруваа во Битола, Велес, Карпош, Кисела Вода, Неготино и Центар.

Во 16 општини и Градот Скопје имаше само по една жена кандидат.

Во голем дел од општините жените воопшто не беа присутни на гласачките ливчиња.

На претходните локални избори во 2021 година имаше избрано само две градоначалнички на Скопје, Данела Арсовска и во Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска.

Од првите локални избори досега статистиката во однос на родовата застапеност на жените е поразителна. Така од првите избори за градоначалник одржани во 1996 година до оние во 2021 година, за прв човек на општините биле избрани 642 мажи и 18 жени. Со последниве локални избори и четирите избрани градоначалнички, бројката на жени кои воделе општини ќе се зголеми на 22, а на мажи – градоначалници расте на 715.