Саманта Пауер ќе ја раководи Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД)


Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ја избра Саманта Пауер, поранешен амбасадор во Обединетите нации, за директор на американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД).

„Пауер ќе ја собере меѓународната заедница и ќе работи со нашите партнери на решавање на најголемите предизвици на денешницата – вклучително и на Ковид 19, климатските промени, глобалната сиромаштија и демократското назадување“, се наведува од преодниот тим на Бајден.

Пауер беше постојан претставник на САД во ОН од 2013 до 2017 година.

-Пауер ќе биде силен глас за помош на ранливите, воведувајќи нова ера во човековиот прогрес и развој и работејќи за американските интереси низ светот, рече  Бајден во својата изјава.