Сакала да биде директорка на основно училиште во Пехчево, па аплицирала со „фалц“ сертификат за англиски
57-годишната Д.Ј. од Пехчево ќе одговара кривично поради сомнение дека фалсификувала сертификат за познавање на англиски јазик со цел да биде избрана за директор на основно училиште во Пехчево.
Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(57) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Имено, Д.Ј. приложила фалсификуван сертификат за познавање на англиски јазик на јавен оглас за избор на директор на основно училиште во Пехчево, со цел да биде избрана за директор