Сакал да прегази полицаец на автопат кај Мрзенци, а тој пак пукал во гумата од возилото


Илустрација

Вистинска драма се случувала на еден македонски автопат. Возач не застанал на знак од полицијата, по што се обидел да прегази полицаец кој пукал во гумата од неговото возило. 

Како што информираа од полицијата, вчера во 02.00 часот на автопатот А1, во близина на село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Б.К.(43) од село Злеово, радовишко. Околу 01.30 часот на регионалниот пат помеѓу селата Прдејци и Смоквица, гевгелиско, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото се обидел да удри еден од нив. Притоа, полицискиот службеник од службениот пиштол пукал во гумата на возилото и тој застанал. Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По документирање на случајот против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.