Ахмети го повика Мицкоски да не обвинува без сериозни докази
Лидерот на ДУИ Али Ахмети му порача на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да биде поактивен за да се реши отворениот спор со Бугарија и кога обвинува за корупција и злоупотреби да изнсува сериозни аргументи, и тоа не на прес конференции туку во обвинителствата.
-Мицкоски, исто така треба да биде поактивен во реформите во правосудството, треба да биде погласен и аргументиран кога објавува злоупотреби на службената положба на актуелни функционери на власта, треба да има сериозни факти и да ги достави до Обвинителство и во истражните органи, а не да држи прес конференции без серозни аргументи. Не може да обвинува функционери на прес конференции, нека приложи факти во Обвинителство, ако обвинителство не реагира тогаш нека ги информира медиумите, нека знае јавноста. Ова важи и за албанската опозиција и за ВМРО-ДПМНЕ. Уморни сме од лажни вести“.
Во интервјуто за ТВ21 Ахмети исто така истакна дека на локалните избори е можна коалиција со СДСМ. Според него, соработката меѓу двете партии е одлична.
„Не знам, треба да видиме какви се интересите. Да видиме кои се интересите на граѓаните, кои се интересите на нашите партии ДУИ и СДСМ. Јас мислам дека нашата коалиција со СДСМ добро функционира последните 4 години, односно од кога ја формиравме владата со нив. Да, вреди да се размисли за можна коалиција. Но, без разлика дали ќе има коалиција или не, ние ќе настапиме со наши листи за советници“, рече Ахмети.
Околу хит темата деновиве, зелената агенда на ДУИ и фотографиите од депониите во Тетовски, Ахмети рече дека ДУИ ги има сите капацитети да се справи со ова прашање и апелираше да не се гледа на тоа со скептицизам, бидејќи за ова ќе има средства и од локално и од меѓународно ниво.
„Ние не сме движење, статична партија. Ние сме партија што обновува, и се обновуваме … “, објасни Ахмети.
Првиот приоритет, според раководителот на интегративците, ќе биде управување со отпадот, воздух и чистата вода. Според него, овие прашања немале заслужен третман, иако одделот за екологија неколку мандати по ред го водеа претставници на ДУИ, за кои Ахмети вели дека се обиделе и постигнале одредени резултати.