САД планираат да отпуштат повеќе од 80.000 вработени во Министерството за прашања на ветераните


 Американското Министерство за ветерани  планира да отпушти повеќе од 80.000 вработени, или 15 отсто од својата работна сила, објави  синоќа секретарот Даг Колинс, како дел од драстичните намалувања што ги најави претседателот Доналд Трамп во федералниот апарат.
„Нашата цел е да го намалиме бројот на вработрени во Одделот за ветерани на нивоа од 2019 година од приближно 398.000 вработени, во споредба со сегашните 470.000 вработени“, рече министерот во видео изјава.

Колинс ја оправдува таа мерка со потребата од „поефикасни, поодговорни и транспарентни“ услуги.
Министерството за прашања на ветераните има втор по големина број вработени по Пентагон и неговите околу 750.000 цивилни вработени, но многу повеќе од Одделот за внатрешна безбедност, кој има околу 260.000 вработени во 2024 година.