САД ја „преиспитуваат“ суспензијата на помошта за Украина


Прес секретарката на Белата куќа Каролин Левит изјави синоќа дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп „ја преиспитува“ паузата за испраќањето помош за Украина. Таа не кажа дефинитивно дали и паузата во размената на разузнавачки информации со Украина е привремена или трајна.
По вербалниот судир со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела во Белата куќа, Трамп во понеделникот ја прекина испораката на помошта за Украина, а во вторникот рече дека добил писмо од украинскиот претседател Володимир Зеленски во кое изразува подготвеност да седне на преговарачка маса.

Претходно вчера, советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц, рече дека Трамп ќе размисли за рестартирање на помошта за Украина доколку се постигне договор за мировни преговори и се преземат чекори за обнова на довербата.