САД и Русија денес разговараат за обновување на дипломатските односи

Делегациите на САД и Русија пристигнаа во Истанбул на разговори со цел нормализирање на работата на нивните дипломатски претставништва, јавува Ројтерс. Новинарите од агенцијата снимија neколку возила кaко влегуваат во зградата на рускиот конзулат во центарот на Истанбул.
Според руското Министерство за надворешни работи, разговорите ќе ги водат новиот руски амбасадор во Вашингтон Александар Дарчиев и заменик-помошникот државен секретар Соната Култер. Примарната цел, според Русија и САД, е да се обнови функционирањето на нивните дипломатски претставништва.
На 8 април американскиот Стејт департмент објави дека американските и руските делегации ќе се сретнат во Истанбул за да разговараат за функционирањето на нивните дипломатски претставништва. Одделот истакна дека дискусиите ќе бидат ограничени на операциите на амбасадата и нема да се однесуваат на политички или безбедносни прашања.
„Украина не е – апсолутно не – на агендата“, рече портпаролката на американскиот Стејт департмент Тами Брус. „Овие разговори се фокусирани исклучиво на операциите на амбасадата. Нормализирањето на пошироките билатерални односи може да се случи, како што јасно кажавме, само штом ќе има мир меѓу Русија и Украина“.