Акцијата во Грчец била провалена, петмина од нарко-шефовите избегале


Вилма Русковски ги објави деталите за акцијата на прес-конференција

Обвинителката Вилма Русковска изјави дека засега немаат информации кои биле доушниците на на нарко-структурите, но дека имаат цврсти докази за работата на групите од Грчец и Гази Баба

 

Акцијата против нарко-структурите во Грчец и Гази Баба во Скопје беше голема, но резулатите се половични, затоа што таа била провалена и петтемина главни нарко шефови избегале. Соопштувајќи ги резултатите од акцијата шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминален криминал, Вилма Русковска, рече дека тие сепак се задоволни затоа што имале цврсти докази за целиот случај.

Во селото Грчец биле извршени претреси на 26 локации, лишени се од слобода 13 лица, од кои за девет лица е определена мерка притвор, за три мерка куќен притвор и за едно лице мерки за претпазливост. Од оваа група пет лица се недостапни. Еден од привдените бил малолетник, рече Русковска на прес-конференција.

Во Гази Баба извршени се претреси на девет места, осум лица се приведени и се наоѓаат во притвор, а по едно лице се трага. 

Рускоска наведе дека од двете групи се одземени повеќе од 80.000 евра, повеќе од 300.000 денари и петстотини франци. Сѐ уште не се спроведени вештачењата на одземените наркотични средства, па поради тоа не може да информира за точната количичина, но како што наведе, станува збор за над пет килограми марихуана и околу  околу 600-700 грама кокаин.

„Најголемиот дел од парите и од запленетата дрога се пронајдени при претресите во Гази Баба, додека многу малку е пронајдено и одземено во Грчец. Имаме сознанија дека акцијата во село Грчец е пробиена“, рече Русковска. Таа нагласи дека двете групи ќе се водат во два одделни случаи бидејќи немаат докази дека дејствувале заедно. 

Русковска даде и други детали за оваа истрага и за акцијата: „Пред една година со двајца обвинители и тим истражители решивме да се обидеме да собереме доволно докази со ќе се оневозможат дејствувањата на две криминални групи. Уште на почетокот бевме свесни дека зад секој од членовите мораме да собираме поединечни докази бидејќи тие дрогата која ја продаваа ја чуваат на безбедни места и постоеше мала веројатност при нивно апсење дека ќе се најде голема количина на дрога, во случајот кокаин“.

Таа додаде дека членовите на криминалните групи биле следени преку комуникациите, но и во живо и биле снимени.

„Истражителите кои прислушуваа, добија сознанија дека ќе се врши продажба на дрога, по што се координираа со други истражители и ја снимаа продажбата. Лицата кои купуваа веднаш потоа се запираа и им беше одземена дрогата која ја имаа купено. Доколку беше за лична употреба беше давана на вештачење, а ако беше за препродажба се поднесуваа кривични пријави. Така цела година собиравме докази“, рече Русковска.

Обвинителите и полицијата засега немаат информации за кои биле доушниците. Ќе имале можност да дознаат ако ги фателе петтемина клучни луѓе кои се во бегство. (Н.В.)