Рускоска: Се водат неколку истраги за актуелни функционери


Вилма Рускоска шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, откри дека се водат неколку истраги и предистраги за неколку актуелни функционери, денеска на конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал“ што се одржува во Јавното обвинителство.
-Се водат неколку истраги и предистраги за актуелни функционери, ама не можам да откријам повеќе бидејќи истите се тајни, рече Рускоска.
Во рамки на посетата на националниот јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам Федерико Кафиеро Де Рахо со јавниот обвинител Љубомир Јовески потпишаа Меморандум за разбирање за заедничка соработка на двете институции.