Рускоска објасни зошто Мијалков добил куќен место затворски притвор
Обвинителката Вилма Рускоска појасни вечерва дека Сашо Мијалков преку посредници побарал да се пријавил токму во Обвинителството за организиран криминал и корупција.
-Откако е дојден беше обезбедуван од истражителите кои што се во Обвинителството за организиран криминал и корупција, рече Рускоска.
Во однос на повлекувањето на жалбата за затворски, наместо куќен притвор Рускоска рече дека тоа е сторено за да не се губи време.
-Мене колку што ми е познато, а тоа е од разговор со претседателот на Судот и тоа беше во претпладневните часови, самиот претседател замоли да биде повлечена жалбата затоа што фактички решението дотогаш не беше спроведено, нели се уште беше недостапен обвинетиот Мијалков, и да не се губи време да се поднесе нов предлог за определување мерка притвор. Потоа, колку што имам сознанија разговарале и на таа тема со јавниот обвинител Љубомир Јовевски, истиот се согласил и така од тие причини тогаш е повлечена жалбата, рече Рускоска.
На прашањето дали сега повторно ќе побараат затворски притвор, обвинителката кажа дека ќе размислат, бидејќи цел ден беше доста бурен.
– Со колегите што го застапуваат предметот, со јавниот обвинител ќе одлучиме. Но сепак олеснителна околност е што самиот се пријави во Обвинителството, истакна Рускоска.
Во однос на приказната на Мијалков дека бил болен и дури изутринава дознал оти се трага по него рече не знаела дали Мијалков делувал болен или не.
-Јас не се видов со Мијалков и не знам како делува, дали како болен или не. Единствено се видов со едниот неговиот адвокат. При разговор, двајцата заклучивме дека направил грешка што не се појави два дена и што не му е врачено решението. Поради тоа, навистина не знам каде бил, рече Рускоска.
Мија
-Дали требаше јас да стојам пред врата на Мијалков, запраша Рускоска како реакција на новинарското прашање дали се смета за одговорна што избегал, порачувајќи дека таа бара притвор, но не го спроведува.
Додека траеше прес конференцијата Мијалков беше однесен со возило во куќен притвор.
Фото: Борис Грданоски