Руско МНР: Македонија презеде непријателски чин, ќе одговориме


Руското Миностерство за надворешни работи излезе со реакција околу одлуката на Македонија да протера нивен дипломат бидејќи, според објаснувањата, бил инволвиран во недозволени активности во земјата. Во реакцијата се најавуваат контра мерки, но не се прецизира ни какви ни кога:

„На 14 мај беше преземен непријателски чин во однос на руската дипломатија  во Северна Македонија. Еден од дипломатите беше прогласен за „персона нон грата“ од страна на локалните власти.

Ние силно ги осудуваме ваквите немотивирани активности кои не можат да помогнат, но влијаат на односите меѓу Русија и Северна Македонија. Ќе следат одговорни мерки“, порачаа од руското Министерство за надворешни работи.

Во македонската амбасада во Русија (на фотографијата погоре) во моментов има двајца дипломати од низок профил така што одлуката кого да протераат евентуално ќе биде тешка, бидејќи амбасадата ќе остане нефункционалната. Новоименуваниот амбасадор никако да замине бидејќи Антонио Милошоски не свикува Комисија за надворешна политика на која би ги преставил своите планови за Москва.