Руските сили ја преминаа Еуфрат, одат кон север


Руските сили ја преминаа реката Еуфрат во северна Сирија и стигнаа до подрачјето надвор од градот Кобане, поддржани од Сириските демократски сили предводени од Курдите.

Ова го соопшти Сириска опсерваторија со седиште во Лондон.

Како што се наведува, руските трупи се упатиле кон север откако Сириските демократски сили постигнале договор со сириската влада за распоредување на војската на претседателот Башар ал Асад на границата поради турската воена операција