Руски медиуми: Асад е во Москва, доби азил


Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад е во Москва и доби азил во Русија, изјави извор од Кремљ за руската државна новинска агенција Тас.

„Асад и членовите на неговото семејство пристигнаа во Москва. Русија им даде азил врз основа на хуманитарни причини“, рекол изворот на агенцијата.

„Москва смета дека е неопходно да се продолжат преговорите за решавање на ситуацијата во Сирија под покровителство на ОН. Лидерите на вооружената сириска опозиција ја гарантираа безбедноста на руските воени бази и дипломатски институции во Сирија“, пишува Тасс.

Башар ал Асад и Владимир Путин, архивска фотографија (фото: Икс)

Истата вест ја објави и друга државна руска новинска агенција Риа Новости, која исто така се повикува на извори од Кремљ.

„Сирискиот претседател Асад и членовите на неговото семејство пристигнаа во Москва. Русија им даде азил од хуманитарни причини“, рекол изворот на агенцијата.