Руската тајна служба предупредува: Повеќе од 5.000 терористи се на границата


Исламска држава доведе околу 5.000 терористи во северниот дел на Авганистан, на границата со земјите од Заедницата на независни држави, предупреди руската тајна служба ФСБ.
Директорот на ФСБ изјави дека според податоците на неговата служба, многу од нив биле на боиштата во Сирија.
„Посебно загрижувачки е повторното активирање на терористичките групи во северните провинции на Авганистан“, рече Александар Бортников, а пренесе „Раша тудеј“.
Тие информации, според извештајот на РТ, пренесени на шефовите на тајните служби на Заедницата на независни држави, инаку поранешни советски републики, близу чии граници се натрупани терористите.

Освен тоа, предупреди шефот на ФСБ, терористите веќе имаат разработен систем да се инфилтрираат во општеството на поранешните советски републики, во кои се поврзуваат со шефовите на организираниот криминал. А за да останат невидливи, истакнува Бортников, се „стопуваат“ со реките мигранти и бегалци.
„Исламистите претрпеа серија порази во Сирија и во Ирак, но и понатаму претставуваат опасност. Сега се обидуваат да се прегрупираат во подрачјата кои не се под контрола на сириските власти, или да се прикријат во бегалските кампови“, вели шефот на руската тајна служба.
Исто така, предупреди и на уште опасност: „Друг алармантен тренд е тоа дека терористичките групи „ги селат“ своите сили кон други делови од светот, а посебно на северот на Африка и Југоисточна Азија“.