Руската шпионажа во Европа – агресивна, видлива и се подобра


Руските разузнавачки служби, одамна крунисани со ореолот на солидни професионалци, значително ја интензивираат својата активност во Европа. Овој тренд, парадоксално, стана видлив преку медиумите  кои покажаа како се користи шпионажата за дипломатски дуели меѓу Москва и Западот.Минатата недела Италија објави протерување на двајца руски официјални лица по апсењето на  офицер на италијанската морнарица при предавањето на доверливи документи на руски воен човек.Во последните месеци беа протерани многу руски дипломати кои беа обвинети за шпионажа во Бугарија, Холандија, Австрија, Франција, Чешка. . . На нив Москва секогаш реагираше со симетрични мерки, истовремено осудувајќи ги неоправданите и „русофобични“ обвинувања.

„Руските разузнавачки служби прифатија воен менталитет. Сметаат дека се води
егзистенцијална битка за местото на Русија во светот “, рече авторот на “Кратката историја на Русија“, Марк Галеоти. „Работите се кристализираа во 2014 година. Според Владимир Путин, револуцијата во Украина беше операција на ЦИА и британското разузнавање МИ6“, додаде тој.

Со тоа се согласува Андреј Солдатов, главен уредник на рускиот специјализиран медиум за прашања од разузнувањето Агентура.ру.

„Тие мислат дека дури и најмалата западна акција како критиката за кршење на човековите права или работата на странски новинари може да предизвика револуција“, рече тој.

Руските служби навистина одат подалеку од претворањето на шпиони во двојни агенти и од корупцијата на странските службеници, што ја прават сите големи сили. Во 2018 година врз поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал беше извршен обид за убиство со труење во Лондон Следната година, поранешен чеченски бунтовник беше убиен во Берлин од човек за кој постоеше сомневање дека постапил по наредба на Москва. Сега  западњаците ја обвинуваат Русија за труењето на Алексеј Навални со невротоксична супстанца.  Главниот противник на Путин преживеа и по пет месеци закрепнување во Германија се врати во Русија каде што беше ставен во затвор.

Дали руските служби се семоќни? Не особено. Навални и Скрипал преживеаја, а  нивните напаѓачи се откриени. Не беше предвидено притоа да умре една жена, а еден полицаец беше сериозно повреден при нападот врз Скрипал.Уште полошо, платформата за истражувачко новинарство „Белингкат“ идентификуваше десетина
агенти откако откри шема за создавање лажни воени идентитети.

Пензионираниот советски полковник од КГБ, Михаил Љубимов, жали за 
„идеолошката деградација“ на агентите и ја истакнува неповолната геополитичка
позиција.

„Пред падот на Берлинскиот зид имаше моќни синдикати и левичарски партии
на кои можевме да се потпреме “, се присетува тој. Андреј Солдатов, пак, вели дека службите се корумпирани и ослабени поради стравот од чистки.

„Кога се потпирате на лојалноста на агентите место на професионализмот, кога е најважно да ги извршите наредбите, дури и најглупавите, станувате послушни, но неспособни шпиони “, смета тој.

Исто така, збунувачки е што овие настани се објавуваат во јавноста: порано шпионските скандали беа решавани меѓу инволвираните, со внимателно изработена кореографија и далеку од камерите.Сепак, тука не станува збор за слабост, туку за комуникација.

Отровот „Новичок“ е најгруб метод од тие што се користат во Русија, каде што неистомисленици и преставници на опозицијата редовно „паѓаат од прозорци“, иронизира преставник на американскиот тинк-тенк „Суфан центар“. „Москва, сепак
испраќа јасна порака до оние кои се осмелуваат да го предизвикаат Путин. А Русија потврдува дека се чувствува „доволно сигурна да убие опозициски фигури во странство“, додаде тој.

„Кога невротоксична супстанца како „Новичок“ се користи  за да се убие некој, тогаш очигледно сакаме да ги објавиме работите јавно “, порача Дамиен ван Пуивелде, експерт за разузнавање од Универзитет во Глазгов.

По овие настани, Европејците исто така решија да ги изнесат работите на виделина. Некои инциденти протекоа до медиумите, како на пример кога весникот „Ле Монд“ откри на крајот на 2019 година дека  15 офицери на ГРУ ги користеле Алпите како  база за операции во Европа четири години.

„Се случува јавно да објавиме кои се нашите противмерки. Ова е предупредување. Пораката е дека повеќе нема да толерираме такво однесување “, објасни висок функционер во Франција кој добро ја познава разузнавачката заедница. По аферата Скрипал, по соборувањето над Украина на авионот МХ117 на малезиската авиокомпанија, за што се обвинети тројца Руси и еден Украинец, по скандалите со руското мешање во западните избори “можеби е стигнато до колективно губење на трпеливоста и Европејците почувствуваа потреба даја вклучат оваа тема во политичката комуникација, иако некои црвени линии остануваат “, рече Ван Пуивелде. (БТА)