Руската амбасада: За Путин, словенската писменост во Русија дојде од Македонија


Руската амбасада во земјава го честиташе 24 мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

„Му го честитаме на братскиот македонски народ Денот на светите Кирил и Методиј, кој се слави како државен празник“, стои во објавата на Твитер профилот на Амбасадата.

Од таму ја цитираат изјавата на рускиот претседател Владимир Путин:

 

„Денеска во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја – Владимир Путин“, посочуваат од руската амбасада.

„Невозможно е да се прецени значењето на светите Кирил и Методиј за развојот на словенските јазици, вклучително и рускиот и македонскиот. Тешко е да се замисли многу од најголемите богатства на светската литература без писмото што го користиме благодарение на Солунските браќа“, стои во друга објава на Твитер-профилот на Амбасадата.