Русите влегоа во Чернобил, можно е оштетување на складот за нуклеарен отпад

Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Черашченко, попладнево изјави дека руските сили влегле во областа Чернобил.
-Во борбите можеби е оштетен и објектот за складирање нуклеарен отпад, изјави советникот, а јави дописникот на американската телевизија Ен-Би-Си, Ричард Енгел.
„Тие, додаде Герешченко, влегоа во зоната на Чернобил од територијата на Белорусија“.
Советниокот додава дека украинската Национална гарда продолжува да ги штити небезбедните радиоактивни извори.
-Доколку артилерија ги погоди складишта за нуклеарен отпад, радиоактивната прашина ќе ја покрие цела ЕУ, рече тој.
„Руските окупаторски сили се обидуваат да ја заземат нуклеарната централа во Чернобил, нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година„Ова е објава на војна против цела Европа“, напиша претседателот на Украина Володомир Зеленски.