Украинците урнаа руски воен авион, делови паднаа врз куќа и предизвикаа пожар


Втор ден од руската инвазија на Украина. Се водат жестоки борби, а досега загинаа најмалку 137 украински војници и цивили јавуваат светските медиуми.

Утрово, украинските сили урнаа руски борбен авион „сухој Су-27“ над Киев, потврди заменик-министерот за внатрешни работи на Украина, Евгениј Енин.

Фотографиите кои ги објави украинската Агенција за итни ситуации покажуваат дека избил пожар на двокатница откако делови од авионот паднале врз неа.

Новинарите и надлежните јавуваат дека во центарот на Киев се слушаат силни експлозии.

Според првичните информации се слушнале најмалку две. Новинарката на „Гардијан“ Ема Грахам Харисон потврди дека слушнала нешто што звучело како „низа гласни експлозии“. Австрискиот амбасадор Олександер Шерба вели дека околу 4.25 часот наутро слушнал „две силни експлозии“.

Киев е под ракетен напад, објави Антон Герашченко, советник на украинската влада.

„Ударите на Киев со крстосувачки и балистички проектили продолжи“, рече тој на новинарите по пат на СМС порака.