Русите масовно заминуваат од Крим (видео)


Русите масовно заминуваат од Крим, поради страв дека Керчкиот мост може да биде нападнат. Тој ги спојува копнена Русија со полуостровот Крим.

„Телеграф“ јавува дека има километарски колони на мостот, а властите бараат од оние кои го преминуваат да ги испразнат џеповите и да бидат детално скенирани.

Сето ова се случува неколку недели откако претседателот на Русија Владимир Путин се провозе преку мостот за да докаже дека штетата настаната по нападот од октомври е поправена.