Русија наскоро ќе претстави нов проектил, лета со брзина од 1000 км/ч
Рускиот државен производител на оружје КТРВ најави дека во рамки на меѓународниот форум Војска-2022 прв пат ќе претстави нова крстосувачка воздушна ракета Kh-69.
„Што се однесува до тој производ, на форумотВБојска-2022 прв пат ќе ја претставиме повеќенаменската, нископрофилна, високопрецизна крстосувачка ракета Kh-69″, објави корпорацијата.
Проектилите Kh-69 се дизајнирани за уништување широк спектар на стационирани копнени цели со координати кои се познати пред лансирањето, вклучително и оние без радарски, инфрацрвен или оптички контраст во однос на околината.
Дометот му е 290 км
„Опремен е до комбиниран состав на навигација и автоматско управуве. Максимален домет му е 290 км, а брзина од 700 до 1000 километри на час, зависно од конфигурацијата/ Масата на боевата глава е од 300 до 310 кг. Може да се постави и на надворешни носачи и на внатрешни магацини за оружје“, објави корпорацијата.
Меѓународниот воен форум Војска-2022 ќе се одржи од 15 до 21 август во изложбениот центар Патриот во близина на Москва. Настанот го организира руското министерство за одбрана.