Русија конечно почна да ги користи многу фалените возила „Терминатор“ (Видео)

Оклопното возило „Терминатор“ е исклучително подвижно и е дизајнирано да ги поддржи пешадиските единици кои се борат во урбани области


 

Русија конечно ги распореди своите воени возила „Терминатор“ во битка во Украина, додека Киев продолжува да ги уништува руските тенкови за напад со помош на британски ракети.

Видеото ги прикажува многу фалените оклопни возила, кои се дизајнирани да ги поддржат пешадиските единици кои се борат во урбаните области во регионот Донбас во источна Украина.

Распоредувањето „Терминатор“ доаѓа во време кога главните руски армиски тенкови на Путин – Т-90М – украинските трупи продолжија да ги уништуваат со ракети.

Украина оваа недела соопшти дека нејзините вооружени сили уништиле руски тенкови длабоко зад непријателските линии во регионот на Донбас користејќи за прв пат ракети „Бримстоун“ од британско производство.

Во обид да го зајакнат својот арсенал, вод од воени возила „Терминатор“ беа распоредени и употребени за прв пат во битка во Донбас. Тие беа видени во близина на Северодонецк во регионот Луганск.

„Тие се вклучени во огнено уништување на украинските позиции, оклопни возила и екипажи на противтенковски ракетни системи“, изјави извор од одбраната за државната новинска агенција РИА Новости.

Оклопното возило БМПТ е опремено е со лансери на гранати, противтенковски системи и мало оружје, а неговиот производител „Уралвагонзавод“ му го даде прекарот„Терминатор“.

„Терминаторот“ беше во акција во Сирија и првично беше преместен на украинската граница во февруари. Нејасно е зошто генералите на Путин до сега го одложуваа неговото распоредување.

Една од теориите е дека неговите команданти не веруваат дека ќе биде сеосвојувачки како што сугерира неговото име.

Рускиот воен известувач Александар Сладков објави: „Фала му на Бога, почнуваме да користиме ‘Терминатори’. Може да има проблеми и грешки, но практиката е сè“.

„Терминаторот“ беше прикажано на парадата на Денот на победата на Црвениот плоштад.