Русија ја ракетирала и македонската амбасада во Киев
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. МНР наедно информира дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и амбасадата на Република Северна Македонија во Киев.
При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на амбасадата.
Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање.