Русија и Белорусија почнаа воена вежба со обука на персонал за заедничката команда


DOHA, QATAR - DECEMBER 17: Croatia players celebrate after the team's victory during the FIFA World Cup Qatar 2022 3rd Place match between Croatia and Morocco at Khalifa International Stadium on December 17, 2022 in Doha, Qatar. (Photo by Alex Pantling/Getty Images)

 

Русија и Белорусија започнаа еднонеделна вежба за обука на персоналот за заедничката команда на нивната регионална група на сили, соопшти денеска белоруското Министерство за одбрана.

Обуката е дел од подготовките за заедничките вежби што двете земји ќе ги одржат во Русија во септември, се додава во соопштението на белоруското министерство.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, на 24 февруари лани, Минск досега спроведе различни воени вежби, самостојни и заеднички со Русија, засилувајќи ги овие вежби со ново оружје и воена опрема.

Неофицијалниот воен канал за следење на Телеграм соопшти дека од почетокот на годината во Белорусија од Русија е пренесена воена опрема, вклучувајќи воени авиони ловци, хеликоптери и транспортни авиони,а само во неделата се донесени осум ловци и четири товарни авиони.