Роули: Апсурдно е да не може да се отпушти полицаец обвинет за силување
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2023/03/metropoliten-police.jpg)
Комесарот на лондонската полиција Марк Роули изјави дека е апсурдна судската одлука да не може полицајците да добијат отказ дури и ако се обвинети за силување или други тешки кривични дела.
Неговата изјава уследи откако денеска Врховниот суд ја поништи одлуката за одземање на дозволата на наредник, кој беше обвинет за силување и имаше други наводи за неговото однесување, пресудувајќи дека тоа би било незаконско и би ги прекршило неговите човекови права. Наредникот ги отфрли сите обвиненија.
Денешната одлука односно законот ја става полицијата во безизлезна ситуација.
– Во моментов немаме механизам да се ослободиме од вработените, кои не се способни да ја поминат проверката. Апсолутно е апсурдно што не можеме законски да ги отпуштиме, наведе Роули.
Истрагите во изминатите години открија голем број пропусти и грешки во проверката на службениците на Метрополитен полиција, како и погрешни истраги за лицата против кои се поднесени жалби. Во извештајот за 2023 година се наведува дека полицијата во Лондон е институционално расистичка, хомофобична и мизогинична.
Во изминатите 18 месеци, 90 вработени беа отпуштени или дадоа отказ за време на процесот на проверка што го воведе Роули, додека 29 ги загубија лиценците за работа, а повеќе од 100 сè уште се оценуваат.
Роули наведе дека Метрополитен полицијата ќе поднесе жалба на судската одлука.
Тој претходно иницираше шема за преиспитување за подобноста на полицајците, кои претходно биле обвинети за семејна или сексуална злоупотреба, но не биле осудени за никакви кривични дела.