Родителите да престанат да бараат врски и повисоки оценки за децата


Фото: Независен

Децата со своја умешност и знаење треба да го постигнат успехот на училиште, а не да бараат помош од родителите, кои потоа бараат врски или посвиоки оценки од заслужените за своите деца.

– Перцепцијата е дека 92 отсто од родителите бараат врски и повисоки оценки за своите деца на училиште и тоа е поразилтено, смета Билјана Ивановска од Државната комисија за спречување корупција, која денеска беше во основното училиште „Братство” во Скопје каде се одржа третото предавање во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“.

Кампањата е на Државната комисија за спречување на корупција е дел од Активноста за анти-корупција и интегритет која ја спроведува Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС, а е финансирана од УСАИД.

Целта е преку кампањата ученците и ученичките да се едуцираат за поимите интегритет и корупција, за да се подигне свеста кај нив за штетните ефекти од корупцијата, како и да се создаде антикорупциско движење во земјава кое би придонело за општество со нулта толеранција за корупција.

– Не е битно да бидат сите со петки, затоа има оценки од 1 до 5. Битно е оценката да биде нивна, заслужена – рече Ивановска.

– Децата стануваат сѐ повеќе свесни, но родителите треба да бидат свесни дека нивните деца се во сигурни раце и дека наставниот кадар како и стручната служба умеат да го извлечат најдоброто од нивните деца. Ние овде работиме со иднината на нашата земја, рече директорката на училиштето.

Оваа кампања е почната на 16 мај во ООУ „Петар Поп Арсов“, потоа „Коле Неделковски“, а денеска беа во „Братство“.

Кампањата се одвива со помош на глумци, кои на соодветен начин им пренесуваат на децата како да ги применуваат позитивните примери, а не негаитвните.

Пораката е: транспарентност и интегритет.

Претходно била спроведена и анкета, за која Ивановска вели дека децата биле многу искрени и посведочиле дека во 60 отсто од случаите биле сведоци на незаслужени оценки.