Денес ќе биде тмурен и врнежлив ден


Фото: Б. Грданоски

 

Дожд речиси секаде низ државава се очекува денеска. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 19 степени.